Објавено на:

Лекари без граници: Децата во Газа ни кажуваат дека сакаат да умрат

t

Oд „Лекари без граници“ велат дека мали деца во Газа кои имаат само пет години им рекле дека сакаат да умрат. Додаваат дека во Газа е потребен прекин на огнот, а не само затишје. 

Генералниот секретар на меѓународната хуманитарна организација „Лекари без граници“, Кристофер Локјер пред Советот за безбедност на Обединетите нации изјави дека медицинските тимови во Појасот Газа додале нова кратенка во нивниот вокабулар: WCNSF – Повредено дете, нема преживеани родители.

„Децата кои ја преживуваат оваа војна нема да носат само видливи рани од трауматски повреди, туку и тие невидливите. Постојано се раселени, постојано се во страв, а членовите на нивните семејства буквално се распарчуваат пред нивните очи. Поради овие психолошки трауми, децата на петгодишна возраст ни кажуваат дека повеќе би сакале да бидат мртви“, изјави Локјер, пред 15-члениот Совет за безбедност.

Тој ги критикуваше САД, велејќи дека е згрозен што тие постојано го користеле правото на вето за да го спречат Советот да бара итен хуманитарен прекин на огнот во војната меѓу Израел и палестинските милитанти на Хамас во Газа.

На 7 октомври лани, палестинската терористичка група Хамас го нападна Израел со барање за формирање независна држава Палестина со главен град Ерусалим. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел нападна полициска станица во Газа –…

ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…

Сè повеќе мажи во Германија немаат деца

Сè поголем број мажи во Германија немаат…

Одбор за мир: Нема повлекување на Израел…

Одборот за мир – иницијативата предводена од…

Млитава Европа: Децата и адолесцентите во сè…

Децата и адолесцентите во Европа не достигнуваат…

Трамп: Постигнат е договор за разоружување на…

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека…