Лекари во Србија првпат вградија вештачко срце кај тринаесетгодишник
Тим од Институтот за кардиоваскуларни заболувања „Дедење“ и од Институтот за здравствена заштита на мајки и деца „Д-р Вукан Чупиќ“ успешно имплантираше механичка циркулаторна поддршка кај тринаесетгодишен пациент од Сараево.
Лекарите истакнуваат дека станува збор за исклучително сложена процедура што претставува мост до трансплантација на срце и нов чекор напред во детската кардиохирургија во Србија, јави РТС.
Тринаесетгодишното момче, на кое му беше вградено вештачко срце поради сериозно срцево заболување, се опоравува добро, а лекарите велат дека таа интервенција му го продолжила животот и му дала можност да чека на трансплантацијата на срце, која му е потребна.
Според кардиохирургот д-р Саша Боровиќ, такви процедури изведуваат само ретки центри во светот.
„Успешно вградивме вештачко срце кај 13-годишно дете. Малку се центрите во светот што го прават ова. Се осмеливме да ги поместиме границите на медицината во оваа институција и благодарение на нашата заедничка работа и искуство, успеавме да го постигнеме тоа“, рече Боровиќ.
Тој истакна дека, според возраста на пациентот, ова е една од најретките процедури од ваков вид.
„Според возраста на детето, ова е трет ваков случај во светот. Двајца помали пациенти беа оперирани во САД, во врвни центри, а третиот сега е опериран во Србија“, рече Боровиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уште еден српски функционер оди во притвор!
Судија за претходна постапка од Посебното одделение…
Народната банка на Србија: Динарот е стабилен,…
Курсот на српскиот динар е стабилен, а…
30 дена притвор за командантот Жмириќ и…
Судија на претходна постапка им одреди притвор…
Србија купува шест борбени авиони од Чешка,…
Чешката Република ѝ продаде на Србија шест…
Универзитетот во Белград алармира: БИА речиси една…
Универзитетот во Белград изрази загриженост поради сознанијата…