Лекар специјалист во Србија зема 1.100 евра плата, во Романија 4.000 евра!
Претседателката на Сојузот на лекари и фармацевти на Србија, Горица Ѓокиќ, за Демостат објаснува дека тоа што заработувачката на српските лекари го надминала просекот не е одраз на нивната висока плата, ниту пак просекот е „симнат“ од докторите на науки бидејќи нивното учество во вкупниот број на вработени е мало. А основната плата на лекарите е ниска, најниска во регионот.
„Во последните десет години заминале над 6.000 доктори на медицина, неколку стотици доктори по стоматологија и фармацевти“, вели Ѓокиќ за Демостат, пренесува Н1.
Од околните земји, здравствените работници најдобро поминуваат во Романија, која со високи плати успеа да го запре заканувачкиот тренд на заминување медицински персонал на самиот почеток по отворањето на границите – лекар специјалист во таа земја заработува 4.000 евра, а супспецијалист 7.000, а медицинска сестра или техничар околу 1.700 евра, пишува Демостат.
Специјалистите во Македонија добиваат околу 1.500 евра, во БиХ, Албанија и Бугарија околу 2.000, во Словенија од 2.000 до 3.000, а супспецијалистите одат до 4.000 евра, а во Хрватска лекар специјалист може да смета на 2.797 евра, а супспецијалист на 2.96 евра, се наведува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Србија од 1 јануари се зголемува…
Жените во Србија од 1 јануари 2027…
Уапсен поранешен српски министер на аеродромот во…
Поранешниот министер за економија и поранешен директор…
Забранета утринската програма на „Информер“ во Србија
Регулаторното тело за електронски медиуми на Србија…
Уште еден српски функционер оди во притвор!
Судија за претходна постапка од Посебното одделение…
Народната банка на Србија: Динарот е стабилен,…
Курсот на српскиот динар е стабилен, а…