Летонија е против укинувањето на санкциите против двајца руски олигарси
Летонија цврсто се спротивставува на планираното укинување на санкциите на Европската Унија врз руските олигарси Алишер Усманов и Михаил Фридман, изјави синоќа министерката за надворешни работи Баиба Бразе.
– Ставот на летонската влада е непоколеблив. Санкциите на ЕУ против Русија мора да се зајакнат, а не да се ослабнат, објави Бразе на платформата Икс.
ЕУ е подготвена да ја укине забраната за патување и замрзнувањето на средствата на двајцата олигарси, поради страв дека не би можеле едногласно да го поддржат продолжувањето на санкциите против околу 3.000 други поединци, субјекти и компании.
Санкциите против двајцата про-Кремљ милијардери беа воведени неколку дена откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година.
Санкциите на ЕУ врз поединци и бизниси поради војната на Русија во Украина периодично се обновуваат, а одлуките се носат едногласно.
Рокот за завршување на сите потребни законски процедури за обновување на санкциите истекува денеска на полноќ.
Како што објави Германската новинска агенција (ДПА), Франција и Словачка барале ублажување на санкциите врз Усманов, додека според Луксембург, ако се укинат санкциите врз Усманов, треба да се отстранат и казнените мерки и против Фридман.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европска комисија: Сајбернападите врз фрижидерите во супермаркетите…
Новите сајбер-напади врз фрижидери во супермаркети во…
Дарко Костовски му одговори на Зијадин Села:…
Зијадин Села напишал Бутел бил следен. Да,…
Славески најави шалтер во Алта банка за…
Лимитот од 10 000 денари за повлекување…
Иран предлага забрзан договор: Ормускиот Теснец би…
Иран продолжува да разменува пораки со Соединетите…
Миноски: Најдобро решение е Алта банка да…
Продажбата на Алта банка на поголема домашна…