Објавено на:

Летонија запленува автомобили од пијани возачи и ѝ ги подарува на Украина

t

Летонија почна да запленува автомобили од многу пијани возачи оваа година, а бидејќи стотици возила почнаа да ги преполнуваат складиштата, властите одлучија да им ги испратат на украинската војска и болниците, пишува „Ројтерс“.

Вчера Рига испратилa седум автомобили за Киев, а во последниве два месеци, во балтичката земја со 1,9 милиони жители над 200 автомобили биле земени од возачи кај кои биле откриени нивоа на алкохол во крвта над 0,15%.

„Всушност е многу страшно кога ќе сфатите колку возачи возат пијани“, рече Реинис Познакс, основач на невладината организација која е задолжена од владата да ги испорача возилата во Украина.

Дваесетината конфискувани автомобили што државата и ги вети на Украина, ќе ги тестираат границите на нашата главно доброволна операција, рече Познакс.

„Никој не очекуваше дека толку голем број луѓе возат пијани, а не можат да ги продадат толку брзо. Затоа, дојдов со идеја – да ги испратам во Украина“, рече Познакс.

Тој раскажува дека во едно од возилата пронашол закачено руско знаме, кој го оставил таму неговиот сопственик.

Невладината организација веќе испратила околу 1.200 возила од почетокот на руската инвазија на 24 февруари минатата година. Собрале 2 милиони евра за купување возила, реновирање и логистика во 2022 година.

Летонскиот министер за финансии Арвилс Асераденс рече дека владата била инспирирана од успехот на невладината организација да се откаже од обидите за аукција на возилата: „Рековме, добро, можете да ги земете тие автомобили. Подготвени сме да направиме практично сè за да ги поддржиме Украинците!“

Во полициската рација во средата, каде што четворица полицајци го затворија патот во Рига на половина час за да го проверат секој возач дали има алкохол, никој не беше пронајден пијан.

Но, минатата година 4.300 возачи биле фатени како возат над дозволеното на патиштата во Летонија, соопшти полицијата, а изминатата година се случиле речиси илјадници несреќи на патиштата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Запленетото оружје од фронтот во Украина атракција…

Западните тенкови и воената опрема запленети од…

„Хејли“: НАТО нема магично решение за победа…

Северноатлантската алијанса може отворено да влезе во…

Зеленски: Мора да ја забрзаме испораката на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека…

Сијарто: Крај на војната во Украина и…

Конфликтот во Украина мора брзо да се…

„Дедо“ од Украина предводи единица која бесплатно…

Мобилната артилериска единица на Олександр Таран официјално…