Ле Риголер: Правдата мора да се задоволи во случајот „Ива Михајлова“
Речиси еден месец откако Ива Михајлова побегна во Софија, Македонија и Бугарија сè уште разговараат за нејзиното обезбедување пред лицето на правдата. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, нагласи дека, покрај билатералниот дијалог со официјална Софија, Македонија разговара и со европските партнери.
Францускиот амбасадор во земјава, Кристоф Ле Риголер, во интервју за емисијата „Европа“ на ТВ 24 порача дека најважно е правдата да биде задоволена, а доколку се утврди дека Михајлова е виновна, таа треба да одговара пред надлежните институции.
Додека на дипломатско ниво се водат разговори, а европските партнери повикуваат на почитување на правдата, Софиското градско обвинителство зазеде став дека евентуалната екстрадиција во Македонија е недозволива. Како што пренесува бугарската национална телевизија БТВ, како аргументи се наведуваат нејзиното бугарско државјанство и хоспитализацијата поради влошената здравствена состојба.
Од болницата „Пирогов“, пак, последната јавно објавена информација за Михајлова е од 16 октомври. Тогаш, како што пренесе бугарската телевизија НОВА, од болницата потврдиле дека се очекува пациентката да остане на лекување до почетокот на следната недела. Оттогаш нема потврдена нова јавна информација за нејзината здравствена состојба или за тоа дали е отпуштена од болницата.
Претходно беше објавено дека одбраната на Михајлова поднела барање до шест бугарски институции со цел нејзината екстрадиција во Македонија да биде прогласена за недозволива. Во земјава, судската постапка против неа треба да продолжи во нејзино отсуство. Следното рочиште е закажано за 9 ноември, а од нејзината одбрана претходно за ТВ 24 потврдија дека ќе ја застапуваат во постапката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ле Риголер: Правдата мора да се задоволи…
Речиси еден месец откако Ива Михајлова побегна…
Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на денешната…
Бланар: Словачка е против какви било двојни…
-Ние не можеме да прифатиме дека во…
Пожар во американска нуклеарна лабораторија: Укината вонредната…
Пожар во Националната лабораторија „Савана Ривер“ во…
ИЗРАЕЛ БАРА ИТНА ДОЗВОЛА ОД ТРАМП ЗА…
Израел побарал од Соединетите Американски Држави одобрение…