Лидерите на Вреди на состанок за состојбата во коалицијата и за локалните избори
Коалицијата Вреди вечерва одржува состанок во Скопје на којшто се очекува да стане збор за состојбата внатре во коалицијата и за претстојните локални избори. На состанокот присуствуваат лидерите на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, на Демократското движење, Изет Меџити, на БЕСА, Биљал Касами и на Алтернатива, Зеќирија Ибраими.
Пред состанокот, Таравари кусо во изјава за медиумите рече дека нема да има поделби внатре во коалицијата. На новинарско прашање за тоа кои се очекувањата од вечерашниот состанок, Таравари рече дека е без очекувања, бидејќи „се работи за редовен состанок на партиите”.
Лидерот на Демократско движење и министер за животна средина и просторно планирање Меџити, пак, посочи дека коалицијата ќе настапи со заеднички листи на претстојните локални избори, додека за тоа дали Таравари останува во Вреди или ќе ја напушти коалицијата, Меџити рече: „Тоа треба да го прашате Таравари”.
Лидерот на Беса Биљал Касами не даде изјава пред состанокот, додека претседателот на Алтернатива Зеќирија Ибраими рече дека се работи за координативен состанок на партиите од Коалицијата Вреди.
Во изјави за медиумите денешниот состанок го најавија Касами и Таравари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…