Лидерите на Г7: Немаме намера да дозволиме победа на Русија во Украина
Г7: Не смееме да дозволиме Русија да победи во Украина
Лидерите на земјите од Групата седум најавија дека имаат намера да ја „спречат победата“ на Русија во Украина, се наведува во нивното заедничко соопштение.
„Г7 и Украина се обединети во ова тешко време и во нивната желба да обезбедат демократска, просперитетна иднина за оваа земја. Остануваме обединети во нашата решеност да го спречиме претседателот Путин да победи во војната против Украина“, се вели во соопштението.
Лидерите на Г7 изразија подготвеност да продолжат да ја поддржуваат Украина за време на виртуелната средба со украинскиот претседател Владимир Зеленски.
„Ни беше чест што ни се придружи украинскиот претседател Владимир Зеленски. Го уверивме во нашата целосна солидарност и поддршка за одбраната на Украина“, се вели во соопштението.
Лидерите на Г7 ја истакнаа нивната посветеност на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, нејзината „просперитетна и демократска иднина во меѓународно признатите граници“.
Г7 ќе ја прошири својата колективна краткорочна финансиска поддршка за Украина и ќе работи на нејзиното долгорочно закрепнување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД одобрија можна продажба на опрема за…
Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…
ЕУ предлага санкции за една банка и…
Европската комисија предложила воведување санкции за една…
Чупиќ за германски медиуми: Србија нема да…
„Во нашата изборна програма јасно ставивме до…
Русија подготвува нуклеарен сателит што може да…
Русија го завршила склопувањето на сателит опремен…
Видео: Украински пилот со авионски топ собори…
Украинското воено воздухопловство објави снимка од кокпитот…