Објавено на:

Лидерката на АФД: Украинците, посебно младите и воено способни, треба да се вратат од Германија во нивната земјата

t

Копретседателката на Алтернатива за Германија (АфД), Алис Вајдел изјави дека повеќе од еден милион Украинци во Германија добива социјални средства и оцени дека таквиот систем повеќе не е одржлив.

„Над милион Украинци во Германија добиваат социјални средства. Тоа е навистина неверојатно и сето тоа повеќе не е финансиски издржливо“, рече Вајдел во интервју за Јутјуб каналот АУФ1.

Таа додаде дека Украинците, особено младите и воено способни, треба да се вратат во својата земја. Според неа, сегашниот обем на социјални трансфери за украинските државјани претставува преголемо оптоварување за германскиот буџет, поради што продолжување на таквото финансирање е неприфатливо.

Вајдел говореше и за германската помош за Украина. Наведе дека финансиската и воена помош за Киев ќе биде прекината доколку АфД дојде на власт. Таа додаде дека Берлин во таков случај ќе постави и „значителни финансиски барања за поврат на средствата“ што Германија веќе ги издвои за Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осомничениот за убиството на 17-годишното девојче во…

17-годишното девојче во Богданци било убиено, а…

Експлодирала плинска боца во стан во Куманово

Плинска боца експлодирала во стан во Куманово,…

Апел за помош: ПОТРЕБНИ СЕ 100.000 ЕВРА…

Апел за помош: Здраво, свету! Јас сум…

ЕК: Уставните измени и реформите во правосудството…

Македонија и во најновиот извештај на Европската…

Тошковски: Возачите научија каде се камерите на…

Полициските возила ќе станат мобилни камери за…