Лидерот на „Преродба“ Костадинов бара припојување на Македонија и Јужна Бесарабија кон Бугарија
Лидерот на ултаранационалистичката и крајнодесничарската бугарска партија „Преродба“, Костадин Костадинов, ја повика владата во Софија официјално да објави претензии за припојување на Македонија и на украинската област Јужна Бесарабија кон Бугарија.
Во објава на социјалната мрежа Фејсбук, Костадинов ги поддржува изјавите на новозибраниот претседател на САД Доналд Трамп за Канада и Панамскиот канал, и наведува дека е потребно и Софија јавно да излезе со барање за припојување на Македонија и Јужна Бесарабија кон Бугарија.
– „Претензиите на Трамп кон Канада се целосно оправдани. Нема ништо пологично и понормално од две земји со заедничка историја, заедничко потекло, заеднички јазик и, во голема мера, ист народ, како што се САД и Канада, да станат една земја. Истото важи и за претензиите на Трамп за Панамскиот канал. Впрочем, САД се првиот сопственик на земјиштето на каналот, тие го градеа и го поседуваа до 1979 година. Затоа „Преродба“ целосно ги поддржува тврдењата на новоизбраниот американски претседател.
Иста е ситуацијата и со Македонија. Нема ништо пологично од тоа две земји со заедничка историја, заедничко потекло, заеднички јазик и народ да станат една земја. Сличен е случајот и со Јужна Бесарабија. Таа е дел од бугарската држава повеќе од 450 години, Бугарите се домородното население на оваа област (од 6 век) и до денес се мнозинство од населението. За споредба, Украина ја поседува Јужна Бесарабија само 34 години.
Затоа нема ништо пологично од обединување на Бугарија и Македонија во една заедничка држава, како и враќање на Јужна Бесарабија назад во Бугарија. Украина се распаѓа и на идниот мировен конгрес кој ќе одлучува за судбината на неуспешната т.н. украинската државност, Бугарија треба да ги потврди своите претензии кон бугарска Бесарабија, напиша Костадинов на социјалната мрежа“, наведува Костадинов во објавата на Фесјбук.
„Преродба“ на Костадинов, на последните парламентрани избори во Бугарија доби 12,92 отсот од гласовите и 35 пратенички места, со што стана трета политичка сила во 240-члениот бугарски парламент.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Зеленски пристигна во тридневна посета на Канада
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во тридневна…
Нов скандал: Во Бугарија се обучувале руски…
Протечена разузнавачка проценка, изготвена за австралиската служба…
Трамп: Путин сака договор за завршување на…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, вечерва изјави дека…
Директорот на ЦИА презема поголема улога во…
Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА)…