Лидерот на јужнокорејската опозиција е опериран и свесен по нападот со нож во вратот
Лидерот на јужнокорејската опозициска Демократска партија, Ли Џае-Мјунг, кој беше прободен со нож во вратот за време на посетата на јужниот град Бусан, е опериран, се опоравува на интензивна нега и е свесен.
Портпаролот на партијата Квон Чил-сеунг изјави дека Ли (59) бил опериран во Националната универзитетска болница во Сеул, каде што бил пренесен со хеликоптер веднаш по нападот.
Осомничениот, кој носел хартиена круна со името на Ли, му пришол и му побарал автограм додека Ли го обиколувал градилиштето на новиот аеродром со група поддржувачи и новинари. Потоа скокнал и го нападнал.
Квон рече дека лекарите се сомневаат дека е оштетена југуларната вена (таа оди од главата, надолу по вратот и во горниот дел на градниот кош).
Напаѓачот бил брзо совладан, а полициски функционер во Бусан рекол дека користел нож долг 18 сантиметри купен преку Интернет.
Тој додаде дека напаѓачот, чиј идентитет не го откри, е роден 1957 година и изјави дека мотивот се истражува.
Јужнокорејскиот претседател Јун Сукјул го осуди нападот.
Вакво насилство никогаш не смее да се толерира под никакви околности, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Костадинов до ДПМНЕ: ВМРО не е ваша…
Не е проблем што ВМРО-ДПМНЕ не разбираат…
Се намалува инфлацијата во Еврозоната
Годишната стапка на инфлација во еврозоната изнесуваше…
Трамп му постави „последен ултиматум“ на Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека вчера…
Грција во иднина би можела да се…
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска навести дека…
(Документи) Кој ја направи саботажата во РЕК…
Плаќаат 150 МИЛИОНИ денари за технолошко чистење…