Министерството за здравство: Обидите на СДСМ случајот во Гостивар да го претвори во партиска тема не придонесуваат за утврдување на фактите

t

Министерството за здравство соопшти дека почитува законската можност секој да поднесе пријава доколку смета дека постои основ.

Истовремено, очекуваме надлежните институции професионално, темелно и неселективно да ги испитаат сите наводи“, велат од МЗ.

„Основното јавно обвинителство веќе постапува по случајот. Министерството и сите надлежни здравствени установи целосно ќе соработуваат и без одложување ќе ја достават секоја побарана информација, анализа и документација.

Во Гостивар здравствениот систем реагираше навремено, пациентите добија соодветна здравствена грижа, а јавноста беше информирана за состојбата. Здравјето на граѓаните не смее да биде предмет на дневнополитички пресметки.

Оттука, сметаме дека обидите на СДСМ случајот да го претвори во партиска тема не придонесуваат за утврдување на фактите. Наместо политички квалификации и прес-конференции, потребно е да им се овозможи на надлежните институции непречено да ја завршат постапката.

Министерството ќе продолжи да работи транспарентно и одговорно. Наши приоритети остануваат функционалниот здравствен систем, заштитата на здравјето на граѓаните и целосното утврдување на фактите врз основа на докази“, се наведува во реакцијата на МЗ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија има повеќе болнички кревети на 100…

Во Европската Унија во 2024 година имало…

Ќе има ли проверки за „фантом-вработени“ во…

Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се…

Над 200.000 луѓе во Србија останаа без…

Над 200.000 луѓе во Пожега, Чачак, Лучани…

Загубите на вода во Македонија лани изнесувале…

Загубите на вода на национално ниво во…

По 10 години се ажурира листата на…

Министерот за здравство, Азир Алиу, соопшти дека…