ЛИКВИДАЦИЈА ИСТА КАКО ВО „ШИША БАР“ – го изрешетале во автомобилот, па избегале и го запалиле нивниот со германски регистарски ознаки! Еве ги деталите
Министерството за внатрешни работи очекува подетални информации преку Министерството за надворешни работи во врска со убиството на македонскиот државјанин вчера во Приштина.
Одговарајќи на новинарски прашања по средбата со раководството на СВР Охрид и Одделението за внатрешни работи – Струга, во рамките на проектот „Отворен Кабинет”, Спасовски рече дека кога ќе ги добијат информациите полицијата ќе утврди за што точно станува збор.
Претходно на прес-конференција во рамките на Преспа форумот за дијалог и министерот за надворешни работи Бујар Османи кусо одговори дека институциите на Македонија се во контакт со косовските и оти се очекуваат повеќе информации од надлежните за случајот.
Македонски државјанин е убиен синоќа во Приштина, во престрелка што наликува на пресметка на криминални банди, јави претходно денеска дописникот на МИА од Приштина.
Според денешното соопштение на косовската полиција, убиениот бил пронајден во возило со македонски регистерски таблички, а на околу еден километар од местото на инцидентот е пронајдено запалено возило со германски таблички, кое се пртетпоставува дека е користено за убиството.
– Засега непознати сторители пукале со огнено оружје врз жртвата, маж, државјанин на Република Македонија. Надлежни полициски единици излегоа на местото на настанот, каде што забележаа дека во возило со македонски регистерски таблички се наоѓа едно лице, а надлежен лекар констатира дека лицето нема знаци на живот. Околу еден километар од местото на настанот е пронајдено запалено возило со германски таблички, за кое постои сомневање дека осомничените побегнале од местото на настанот, се вели во соопштението.
Портпаролката на косовската полиција, Флора Ахмети синоќа изјави за медиумите дека во запаленото возило се пронајдени и две автоматски пушки „калашников“, со кои се претпоставува дека е извршено убиството на македонскиот државјанин.
Државјанинот на Република Македонија, кој синоќа бил убиен во Приштина од неколку косовски медуми е идентификуван како Блерим Даци. Според порталот „Инсајдери“, кој објави и фотографија на жртвата, Даци им бил од порано познат на органите на правдата и полицијата поради неговата вмешаност во трговијата со дрога.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…