Лимани ќе ја добие поддршката од Вреди: Таравари го откри кандидатот за градоначалник на Гостивар

t

Актуелниот в.д. градоначалник на Гостивар Валбон Лимани веројатно ќе биде кандидат за градоначалник на претстојните локални избори, рече денеска министерот за здравство од коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари.

Според Таравари, анкетите покажале дека Лимани има огромна поддршка од граѓаните.

– Актулениот в.д. градоначалник на Гостивар, според анектите што ги правиме, има огромна поддршка од граѓаните. Се надевам дека е потенцијален кандидат за градоначалник, но се уште не сме координирани меѓу ВРЕДИ и во Алијанса за Албанците. Сепак, има огромни шанси тој да биде кандидат за градоначалник како заеднички, на коалицијата – изјави Таравари, одговорајќи на новинарско прашање.

Лимани стана в.д. градоначалник на Гостивар во јули минатата година, откако Таравари се повелече за да биде министер за здравство. За време на вршењето на градоначалничката функција на Лимани му мирува функцијата член на Советот на општината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАТО ГО ОТКАЖА САМИТОТ ВО ТИРАНА: Рама…

НАТО се откажа од одржувањето на самитот…

Илон Маск на удар на демократите, почнуваат…

Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким…

Одржан координативен состанок во Тетово за превенција…

Во просториите на Општина Тетово се одржа…

ПРИЈАВЕНИ ПРОБЛЕМИ СО GOOGLE, AMAZON И MICROSOFT:…

Пријавени се проблеми во работењето на услугите…

Израел ќе се приклучи на нападите врз…

Израелската армија проценила дека во моментов нема…