Лирман: Ако сакате просперитетна иднина за земјава во ЕУ, времето е сега
Сега се отвора можност за проширување на ЕУ која што е широко отворена. Барањето на ваквата можност со решеност и со државност и со лидерство покажува високо чувство на одговорност за иднината на македонскиот народ и просперитет. Ве поттикнувам успешно да продолжите на реформската патека. Реформите се во корист на македонските граѓани. Тие го унапредуваат владеењето на правото, ја искоренуваат корупцијата, го промовираат просперитетот и инвестициите и ги подобруваат животните услови, истакна германската министерка за Европа, Ана Лирман.
Таа заедно со државнатa секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција, Лоренс Бун и Шимон Шинковски вел Сенк, министер за ЕУ на Република Полска, познати како „Вајмарска тројка“ имаа средба со вицепремиерот Бојан Маричиќ по што одржаа заедничка прес – конференција.
Лирман истакна дека е важно да се продолжи на патот сега и оти измените на Уставот ќе ја покажат Македонија како пример за мултиетничко општество.
Потврдувањето и заштитувањето на малцинствата е темелот на европските права и обврски. Измената на македонскиот Устав ќе ги зацврсти заложбата и посветеноста на Македонија кон европските вредности. Цврсто ги поттикнувам сите политички сили во Македонија да го поддржат изменувањето на Уставот и да ја поддржат подобрата и попросперитетна иднина за Македонија и македонскиот народ. Се друго ќе биде штетно за амбициите за членство во ЕУ, истакна германската министерка.
Лирман беше децидна дека сега е моментот кога треба да се преземе политичка одговорност и да се дејствува, да се каже „да“ на подобрата иднина, на иднината во ЕУ.
Договорот меѓу Македонија и ЕУ е фер, исправен е, нема да има подобра спогодба тоа е сигурно. Иднината на Македонија лежи во вашите раце. Сакаме да ве поттикнеме да се приклучите кон европското семејство и да ги покажете вашата заложба и посветеност кон перспективата во ЕУ и ќе ве поддржиме на патот кон ЕУ секогаш кога можеме, рече таа.
Според неа, Владата на Македонија е посветена на иднината и таа и нејзините колеги од Вајмарската група ги поттикнуваат сите луѓе и политички актери во земјата да ја поддржат Владата да го презеде овој, како што кажа Лирамн, пресуден чекор кон ЕУ и да ги направи успешни амандманите на Уставот.
Сакаме да ви ја дадеме сета неопходна поддршка за успешно да го постигнете процесот на интеграција, рече таа.
Пораката на Лирман, Бун и Шинковски, како што рече германската министерка е јасна.
Ја нагласуваме нашата заложба за перспективата на Македонија кон ЕУ. Оддаваме признание за импресивниот напредок што го остваривте и ве поддржуваме на вашиот пат да станете членка на ЕУ. Заедно ќе станеме посилни. Исто така, сакаме да одаддеме признание за вашата непоколеблива посветеност на меѓународната сцена во НАТО, но и во целосното усогласување на заедничката и безбедносната политика на ЕУ. Го нагласуваме вашето чувство на одговорност и посветеност на стабилноста на Западниот Балкан, рече германската министерка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Проданоски: Ниту едно подрачно училиште во Прилеп…
Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информира…
Иран и Оман предлагаат привремен бродски коридор…
Оманскиот министер за надворешни работи Бадр бин…
Европската централна банка се подготвува за ново…
Европската централна банка се приближува кон ново…
Разрешениот украински министер за одбрана: Полека ја…
Се чини дека Украина полека ја губи…
Не наседнувајте: УЈП предупредува на лажни пораки…
Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека…