Лицата кои на Широк Сокак насилно му соблекоа маица на маж од Шведска добија кривична за “предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска основа”

t

СВР Битола го расчисти настанот со насилно одземање маица на лице во Битола на 28 август, следува пријава против пет лица.

По преземени мерки и активности, СВР Битола го расчисти настанот со насилно одземање маица на лице од Шведска, со престој во Дебар, ги идентификуваше сторителите и изврши службени разговори со нив во полициска станица. Имено, по преземени мерки, полициските службеници ги идентификуваа сторителите, четворица 17-годишници и еден 14-годишник, сите од Битола. Со судска наредба, биле извршени претреси во нивните домови, а во службен разговор во полициска станица го признале делото.

Имено, на 28.08.2025 во 19:50 часот во СВР Битола, С.Х.Д.(32) од Шведска, со престој во Дебар, пријавил дека на улица „Широк сокак” во Битола, лицата му пристапиле и сакале да му ја соблечат маицата, која ја носел, а на која што имало исцртанo глава на орел од предната и задната страна. Според пријавеното, тој ја соблекол и им ја дал маицата откако увидел дека не може да се одбрани.

По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена пријава по член 319 од Кривичниот законик – „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Седми смртен случај од западнонилска треска, почина…

Почина уште еден пациент од западнонилска треска,…

Гаши во „Клик плус“: Платата не треба…

Во гостувањето на „Клик Плус“ на ТВ21…

БДП пораснал за 4,3% во второто тримесечје…

Државниот завод за статистика (ДЗC) објави дека…

Ѓорѓиевски: Зборот е збор – Скопје го…

Зборот е збор, пристигнаа новите возила за…

154 земјоделци поднесоа барања за обештетување, најмногу…

Продолжува проценката на штетите што ги предизвика…