Лицемерието на виделина: Славевски и советниците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ја блокираат помошта за Општина Делчево

t

Советот на Град Скопје и претседавачот Трајко Славевски уште еднаш јавно се посрамотија откако ја одложија денешната седница за поставување на советнички прашања.

Советничката група на СДСМ ја напушти седницата, а координаторката на ВМРО-ДПМНЕ побара одложување на седницата, наводно затоа што градоначалничката Арсовска не е во можност да присуствува, но затоа на седницата присутен е генералниот секретар на Градот, како овластен претставник на градоначалничката.

Согласно Деловникот за работа на Советот на Градот, градоначалникот не е должен да присуствува на седниците, вклучително и на седниците за советнички прашања. Обврска да присуствуваат на седниците имаат раководителите на сектори, за да можат советниците да добијат одговор на прашањата.

Претходно советниците Александар Трајановски и Ирена Витина поднесоа иницијатива до градоначалничката Арсовска за свикување на вонредна седница на Советот на Градот со цел доделување на парична помош за Општина Делчево за справување со последиците од поплавите кои ја зафатија општината неодамна.

Претседавачот со Советот, Трајко Славевски не ја стави ниту на дневен ред иницијативата на градоначалничката за доделување на парична помош за Делчево. Мнозинството во советот исто така не поднесе ваква иницијатива иако ЗЕЛС апелираше сите кои се во можност да ѝ помогнат на Општина Делчево за справување со последиците од поплавите.

Според податоците од Општина Делчево досега во Општината се поднесени 160 барања за обесштетување на физички и правни лица. Дополинтелно, поплавите предизвикаа голема штета врз инфраструктурата во Делчево, за што се потребни дополнителни средства за обнова за уништената инфраструктура.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…

Работна средба во Општина Делчево за проектирањето…

Во просториите на Општина Делчево се одржа…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…

СДС никако да престане со умисла да…

ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција…

„Во куќата на Зоран Заев во Грција…

Потпишан договор вреден над 40 МИЛИОНИ ДЕНАРИ…

Делчево ќе добие реконструирана и модернизирана градска…