Лице палело гуми во двор, пожарот се проширил во шумата кај Бигла

t

Шумски пожар избувна во близина на делчевското село Бигла откако лице палело гуми во својот двор и изгубило контрола врз огнот, по што пожарот се проширил во блиската борова шума.

Како што изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, веднаш по пријавата биле ангажирани сите расположливи сили од Делчево, како и пожарникари и екипи од соседните противпожарни единици.

– Неодговорно лице палело гуми во својот двор во селото Бигла, кое е село од разбиен тип, односно куќите се распоредени на неколку ридови. При тоа, лицето изгубило контрола врз огнот, по што пожарот се проширил во блиската шума. Во моментов во Бигла има голем шумски пожар во борова шума. Од страна на градоначалникот веднаш се ангажирани сите расположливи сили од Делчево. На терен се излезени пожарникари, а побарана е помош и од соседните противпожарни единици. Во моментов кон местото на пожарот се упатуваат и три трактора од Дирекцијата за заштита и спасување, а веќе е ангажиран и хеликоптер на полицијата – изјави Ангелов.

Тој дополнува дека се прават максимални напори пожарот да биде ставен под контрола.

– Од страна на општината е ангажирана тешка механизација, трактори и булдожери, кои треба да направат противпожарни пресеци меѓу пожарот и селото Бигла, за да не дојде до загрозување на куќите – вели Ангелов.

Во меѓувреме, лицето кое го предизвикало пожарот, заедно со еден пожарникар и припадник на ангажираните служби, вдишале поголема количина чад додека се обидувале да го локализираат огнот поради што превентивно се пренесени на лекарски преглед.

Надлежните најавија дека повеќе информации за состојбата со пожарот ќе бидат соопштени во текот на денот по добивањето дополнителни податоци од терен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шокантни детали од „енергетското примирје“ на Трамп:…

Таканареченото „енергетско примирје“ што американскиот претседател Доналд…

Русија не прифаќа примирје со Украина: Пропаѓа…

Русија засега не потврдува дека прифатила какво…

Иран го оцени американскиот одговор за Ормускиот…

Иран го оцени како недоволен американскиот одговор…

Републиканци против Трамп: Договорот за руски дизел…

Договорот на американскиот претседател Доналд Трамп за…

Американските медиуми: Трамп е многу – многу…

Американскиот претседател Доналд Трамп е силно незадоволен…