Лично ги видов документите на Божиновска во кои таа изјавува дека има бугарска самосвест, тврди Јотова

t

Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова тврди дека лично ги видела документите на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска во кои таа изјавува дека има бугарска самосвест и потекло, јавува БТА.

Бугарската потпретседателка го коментирала и примерот со еден од министрите во актуелниот кабинет во Македонија, кој се исмеал со добиеното бугарско државјанство.

„Јас лично ги видов нејзините документи и декларација, лично потпишана од неа, во која таа наведува дека има бугарско самосвест и потекло“, рече Јотова.

Како што објави 360 степени, Божиновска прво негирала дека има бугарско државјанство, а потоа за телевизија Канал 5 призна дека имала бугарски пасош, додавајќи дека постапката за отпуст од бугарско државјанство била финализирана.

Сепак, во прилогот се вели дека Божиновска не одговорила дали добила и решение за отпуст од бугарското државјанство, без што таа и понатаму е државјанка на Република Бугарија.

– Во еден период од животот, како и многу Македонци, од економски причини сум имала бугарски пасош и мислам дека сум една од ретките која се откажала, сум го вратила државјанството и немам повеќе валидна патна исправа, ни лична карта. И никој не се занимава зошто имам чешки пасош – рече Божиновска во гостување во подкастот „Бизнис муабети“ на порталот „Фактор“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВИ-агент на „Опен еј-ај“ повторно проби на…

Од „Опен еј-ај“ (OpenAI) соопштија дека уште…

Србија ja продолжи забраната за извоз на…

Србија ја продолжи привремената забрана за извоз…

Mицкоски: Вештачката интелигенција повеќе не е тема…

Вештачката интелигенција, енергетските системи, дата центрите и…

Путин по заканите од Естонија за војна:…

Рускиот претседател Владимир Путин со потсмев одговори…