Лишени од слобода две лица, вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие

t

Лишени од слобода две лица, вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие, соопштија од МВР.

На 19.04.2026 во 22:00 часот во СВР Скопје 47-годишна жена пријави дека околу 16:30 часот во нејзиниот дом на подрачјето на Центар нејзиниот партнер А.Б.(47) физички ја нападнал неа и нејзиното куче и упатувал закани кон неа и нејзиниот син. Потоа и побарал пари и таа од страв му дала пари кои и биле во паричникот.

На 19.04.2026 во 21:45 часот, во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода З.Б.П.(33) од Велес. Според пријавеното, таа во домот физички го нападнала нејзиниот 32-годишен сопруг, а подоцна со нејзиното патничко возило „фиат“ со велешки регистарски ознаки на улица „Благој Ѓорев“ во Велес учествувала во сообраќајна незгода со патничко возило „рено“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.В.(69) од Велес. Во несреќата таа се здобила со телесни повреди, констатирани во Општа болница Велес и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно ѝ биле измерени 1,95 промили алкохол во крвта. Таа била задржана во полициска станица и известен бил јавен обвинител.

На 19.04.2026 година во ОВР Крива Паланка, 50-годишна жена од Крива Паланка пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг А.Ј. кој употребил и тврд предмет.

На 20.04.2026 во 00:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.А.(34) од село Романовце, кумановско, затоа што подолг временски период ја следел и вознемирувал неговата 27-годишна поранешна партнерка. Тој бил приведен во полициска станица.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албански државјанин почина во Кичево – ќе…

МВР информира дека вчера во 19:40 часот…

Работник повреден при извршување работни задачи во…

Педесет и осумгодишен работник од Куманово бил…

Скопјанец добил казна од полицаец, па решил…

На 30.09.2026 во 15:40 часот во Скопје,…

Македонец загина во сообраќајка кај Лесковац

Македонскиот државјанин со иницијали М.Ј, возач на…

Се запали стан во Скопје, 11-годишно девојче…

Единаесетгодишно девојче вчера било пренесено во Комплексот…