Лишени од слобода две лица во Свети Николе и Куманово, управувале мопеди без дозвола и под дејство на алкохол и предизвикале сообраќајни несреќи
На 12.05.2026 во 12:00 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на ул.„Кочо Рацин“ во Свети Николе, мопед со светиниколски регистарски ознаки, управуван од Н.Д.(18) од Свети Николе, удрил во 69-годишната У.Ц.. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила У.Ц., констатирани во Клиничка болница Штип. Н.Д. е лишен од слобода, затоа што при извршен увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе било констатирано дека Н.Д. го управувал мопедот, без да поседува возачка дозвола. Тој е задржан во Полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 12.05.2026 околу 18:05 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул.„Илинденска“ и плоштад „Маршал Тито“ во Куманово, Д.Ѓ.(47) од Куманово, управувајќи мопед „пиаџо“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Куманово. При извршен увид од увидна екипа на СВР Куманово и извршени проверки, било констатирано дека Д.Ѓ. го управувал мопедот под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,80 промили алкохол во крвта. Тој е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Малолетници пронашле неексплодирана рачна бомба, во полицијата…
Неексплодирана експлозивна направа била пронајдена во планински…
Малолетник фрлил пиротехничко средство во Капиштец, избувнал…
Пожар избувнал синоќа во парк во скопската…
Кривична пријава против четири лица за сторени…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.В.(43)…
Гранка од топола усмрти 77 годишен радовишанец
МВР информира дека вчера попладне во 12:30…
Во гостиварската болница била донесена почината 45-годишна…
45-годишна жена од гостиварското село Врапчиште синоќа…