Лишени од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило
Лишени од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, по четворица возеле без дозвола и под дејство на алкохол, еден во спротивна насока и еден со активна забрана, соопшти МВР.
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, од кои по четворица управувале возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол, еден во спротивна насока и еден и покрај тоа што имал активна забрана. Две лица во Тетово возеле без возачка дозвола, а по еден во Кратово и Кочани. По еден возач во Куманово, Свети Николе, Прилеп и Гевгелија управувале возило под дејство на алкохол. Додека еден возач во Куманово возел мопед во спротивна насока, а еден во Скопје и покрај тоа што имал активна забрана. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
19-годишен кумановец е уапсен, на улица нападнал…
Тинејџер на возраст од 19 години вчера…
Брутално претепана малолетна девојка, партнерот ја удрил…
Малолетна девојка била физички нападната во централното…
ХАОС ВО КАЗИНО во Кисела Вода: Кршеле…
Две лица предизвикале инцидент во казино на…
Скопјанка пронајдена почината во стан во Кисела…
На 27.09.2026 во 10:00 часот во СВР…
83-годишен маж загина во пожар во куќа…
83-годишен маж загинал во пожар што утрово…