Лишен од слобода криумчар на мигранти во близина на ГП Долно Блаце, пронајдени четири лица од Индија
Полициски службеници во близина на Граничниот премин Долно Блаце вчера околу 22 часот лишиле од слобода 72-годишен скопјанец, во чие возило биле пронајдени четири мигранти од Инидија.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Блаце вчера во 22 часот го лишиле од слобода В.А.(72) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по чл.418-б од КЗ на РСМ. Имено во неговото возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, пронајдени се четири лица-мигранти од Индија.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Малолетник нападнат во училиште, соученик го удирал…
На 06.11.2026 во 17:45 часот во СВР…
Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно…
Во изминатото деноноќие, на територија на целата…
Тинејџер од Кочани украл електричен тротинет, па…
На 06.11.2026 во 19:00 часот во Скопје,…
Семејно насилство: Татко крвнички го истепал 12-годишниот…
Татко од Крива Паланка бил насилен кон…
МВР: 17 лица уапсени во изминатото деноноќие…
Во текот на изминатото деноноќие, на територијата…