Лишен од слобода лихвар од Скопје – следува соодветна пријава
На 10.09.2025 во 15:00 во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Ј.(41) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик.
Според пријавеното, во јануари 2025 година, Ј.А.(41) од Скопје зел 4.500 евра од М.Ј., кои му биле потребни за операција на неговата мајка. Исто така, според пријавеното, во февруари 2025 година, М.Ј. побарал од Ј.А. да му ги врати парите, но тој немал да му ги врати, по што во повеќе наврати М.Ј. барал од Ј.А. да му дава камата од 36.000 денари за дадената сума. Како што е пријавено, на 09.09..2025 тие се сретнале, при што М.Ј. му покажал тефтерче на А.Ј. во кое била наведена сумата која му ја должи, а во кое биле запишани и други негови должници.
Со судска наредба извршен е претрес во домот на М.Ј., при што се пронајдени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена содветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По пет години пауза, од 1 април…
Македонските патници од 1 април 2027 година…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…
Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…
Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради посета…
Посебен режим на сообраќај ќе има денеска…