Лишен од слобода турски државјанин поради криумчарење на околу 177m2 кожен материјал

t

На 10.06.2026 од страна на Мобилен тим од Мобилна единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција постапено е на подрачје на СВР Куманово, односно движејќи се во правец од Куманово кон Крива Паланка околу 16:15 часот забележано е товарно возило ,,мерцедес бенз’’ со косовски регистарски ознаки и истото е сопрено. Од извршената контрола констатирано е дека товарното возило е управувано од Т.Б.К.(26) од Турција, додека пак од извршениот преглед и контрола во товарниот дел пронајдени се шест вреќи, во кои имало 49 парчиња кожен материјал.

По насоки на дежурен Јавен обвинител од ОЈО Куманово, лицето е лишено од слобода по член 278-б „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ од Кривичниот законик на Република Северна Македонија и спроведено во Полициска станица Куманово за понатамошна постапка

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албански државјанин почина во Кичево – ќе…

МВР информира дека вчера во 19:40 часот…

Работник повреден при извршување работни задачи во…

Педесет и осумгодишен работник од Куманово бил…

Скопјанец добил казна од полицаец, па решил…

На 30.09.2026 во 15:40 часот во Скопје,…

Македонец загина во сообраќајка кај Лесковац

Македонскиот државјанин со иницијали М.Ј, возач на…

Се запали стан во Скопје, 11-годишно девојче…

Единаесетгодишно девојче вчера било пренесено во Комплексот…