Лога-Гарсија: Шпанија ќе ја интензивира соработката во делот на реформите во правосудството и владеење на правото
Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со амбасадорот на Шпанија, Н.Е Хозе Луси Лозано Гарсија. Министерот Лога и амбасадорот Гарсија ги потврдија одличните билатерални односи помеѓу двете земји и истакнаа дека постои простор и подготвеност од двете страни оваа соработка да се продлабочи и интензивира.
Кралството Шпанија дава јасна и недвосмислена поддршка за што поскоро отпочнување на преговорите на Република Македонија за членство во Европската Унија.
Лога го информираше шпанскиот амбасадор за активностите кои ги презема Министерството за правда во делот на реформите на правосудството, владеење на правото и законодавната агенда од каде наскоро се очекуваат конкретни резултати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…
Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…
На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…
ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…