Лога за судирот во Алијансата: Решението да го најдеме на цивилизиран начин

t

И да ни се разделат патиштата, ова да го направиме како цивилизирани и семејни луѓе – апелираше генералниот секретар на Алијанса за Албанците (АА) и министер за правда, Кренар Лога, откако за помалку од 24 часа во партијата се случија два инцидента кои следеа по отворениот раздор меѓу актуелниот и поранешниот претседател на АА, Арбен Таравари и Зијадин Села околу настапот на партијата на следните избори. Лога повика на самоконтрола и смиреност кај членството додека, како што рече, сите во партијата се обидуваат да го изнајдат правиот и вистинскиот пат.

„Можеме да имаме недоразбирања и несогласувања, но воопшто не треба да се оддалечиле еден од друг од нашата заедничка куќа. Додека сите заедно се трудиме да го изнајдеме правиот и вистинскиот пат, повикуваме на самоконтрола и смиреност. Ние сме поминале многу настани заедно, како радосни така и тажни. Заради тоа апелираме и да ни се разделат нашите патишта, ова да го направиме како цивилизирани луѓе и семејни луѓе“, пишува Лога во објавата на Фејсбук.

Освен што повика на смиреност, Лога го осуди вчерашниот напад на членови на Алијанса за Албанците, меѓу кои и директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу, како и денешниот инцидент кога пред куќата на партискиот лидер Арбен Таравари беше пронајден наиспукан куршум од калашников.

„Го осудуваме секој ваков чин на насилство од кого било. Насилството не е решение. Нека полициските органи го обелоденат случајот и виновниците да се изведат пред лицето на правдата. Сме биле толку многу пати заедно што ни треба за да си го одржиме достоинството пред членовите на нашите семејствата“, додаде Лога.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОЛСКА ПРЕДУПРЕДУВА: МОСКВА МОЖЕ ДА ПОДГОТВУВА „НЕШТО…

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски…

Зеленски: Трамп одлучи да ѝ додели на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека американскиот…

ЗАКАНИ, НАВРЕДИ И НЕДОЛИЧНИ ЗБОРОВИ НА ЈАВНАТА…

Со закани, недоличен речник и навреди од…

Колумбија ги прекина дипломатските односи со Иран

Колумбија ги прекина дипломатските односи со Иран…