Лога ја брани националноста во изводите: Презентираше извод од Хрватска

t

И покрај тоа што Уставниот суд ја замрзна употребата на новото упатство за издавање на изводи од матични книги, во кои ќе стои етничка графа, министерот за правда Кренар Лога останува на ставот дека новото упатство не е спротивно на Уставот.

Овој пат како пример презентираше извод од матична книга на родени од Република Хрватска каде покрај државјанството на родителите на лицето за кого се издава изводот, стои и националноста.

Деновите меѓу реакциите имаше и такви дека националната/етничката припадност секаде во светот, вклучително и во земјите членки на ЕУ не се впишува ниту во изводите за матична евиденција (родени, венчани или умрени), ниту пак во документите за идентификација (лична карта, пасош, возачка дозвола итн).

Министерството за правда останува на ставот дека упатството не се коси со законите, туку е во согласност со Законот за матична евиденција.

„Националност во матичната книга на родените се предвидува во членот 4, на венчаните во членот 11 и на умрените во член 13 од Законот за матична евиденција, тврдат од Правда.

Пред десетина дена министерот Лога присуствуваше на седницата на Уставниот суд на која се расправаше за Упатството со кое како задолжителна се утврдува  графата за националност во изводите на родени, на венчани и на умрени.

Уставниот суд донесе  мерка – привремено да не се издаваат изводи од матични книги со графата националност, предвидена во новото Упатство.

Судиите од Уставен одлучија да поведат постапка за утврдување на уставноста на Упатството за водење матични книги поради непочитување на уставно пропишаниот рок од седум дена за негово објавување во „Службен весник“. Министерот за правда Кренар Лога тогаш ја прифати одлуката на Уставен како исправна, но најави и ново упатство за изводите.

,,Ме радува оваа иницијатива, но изненаден сум од фактот што Уставниот суд досега не покренал постапка и за други подзаконски акти кај кои не се почитува уставниот рок за објавување во Службен весник. Уставниот суд ја отвори Пандорината кутија. Најавувам дека во иднина јас лично ќе поднесувам иницијативи до судот за непочитување на уставните рокови. Вината не е во Министерството туку во Секретаријатот за законодавство во рамките на Владата“, изјави Лога во таа прилика.

Во деновите потоа потребата од етничка графа во изводите која се однесува на родителите на лицето чиј извод се издава Лога ја бранеше и со фактот дека постојат манипулации со вработувања по етничка припадност.

„Во најголем дел етничката припадност се злоупотребува при вработување. Тука сум да го заштитам првично македонскиот граѓанин, зашто ако нема партиски или висок функционер не може да се вработува. Оваа графа се злоупотребува за одредени луѓе да влезат на работа“, истакна Лога.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Навала од странски работници во Хрватска! Се…

Во периодот јануари-март 2024 година, во ХЗМО…

Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, само…

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ денес присуствувал…

Хрватската индустрија расте, прометот е зголемен за…

Вкупниот промет на хрватската индустрија во февруари…

Првата група Рафали пристигна во Хрватска

Првата група од шест повеќенаменски борбени авиони…

ХДЗ слави победа во Хрватска

Гордан Јандроковиќ, спикерот на последниот состав на…