Лога ја информираше Агелер како тече формирањето на работната група за промена на Уставот
Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со амбасадорката на САД во земјава, Н.Е Анџела Агелер на која се разговараше за соработката со САД како стратешки партнер во областите поврзани со реформите во правосудството, законодавната агенда, борбата против корупцијата. Министерот Лога рече дека дигитализацијата во правосудството е клучен процес за зајакнување на капацитетите, одговорноста и професионалноста на судиите и јавните обвинители.
Министерот Лога ја информираше амбасадорката Агелер за процесот на формирање на работна група за уставните измени и очекувањата опозицијата преку свои претставници да даде свој придонес во процесот кој е од исклучително значење за евроинтеграциите.
Во однос на ветингот, министерот Лога посочи дека тој може да се реализира само со поддршка на САД и ЕУ. Амбасадорката Агелер беше запозната и со состојбата во затворите и монтираните судски случаи.
На состанокот беше истакната новата Стратегија за реформа во правосудниот сектор 2023-2027 година која е фокусирана на подобрување на состојбите и јакнење на капацитетите со што ќе се обезбедат услови за стабилно и непречено спроведување на зацртаните реформи.
Министерот за правда Кренар Лога и амбасадорката Агелер се согласија да се интензивира соработката помеѓу земјите во насока на обезбедување стабилност и услови за спроведување на реформите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Сиљановска: Рекордери сме во уставни измени, уставот…
По повод 35-годишнината од донесувањето на Уставот,…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…