Локализиран голем пожар во Прилепско
Рeгионалниот Центар за управување со кризи – Прилеп информираше дека е локализиран опасен пожар зад објектите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ). Спасени се една фабрика и околни објекти во реон на пожарот, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Преку 112 во ЦУК, добиен е повик за опасен пожар во Прилеп, а освен што координирале за негово гаснење, вработени од Регионалниот центар отишле и на лице мето. Горела сува трева, но, заради ветерот и близината на индустриски објекти, постоела голема опасност, пожарот да се прошири и да ја зафати фабриката „Орион инженеринг“, а и други околни објекти, појаснија од ЦУК.
Пожарот бил локализиран со брза интервенција на пожарникарите од ТППЕ – Прилеп, на коишто им се приклучиле и вработени од објектите во регионот.
Противпожарната единица интервенирала со сите расположиви пожарникари и противпожарни возила, на кои им помагале и вработените од околните индустриски објекти. Пожарот прво е локализиран, а потоа почнало етапно да се дејствува на догасување на можните жаришта од коишто уште чадело и жарело, за да не дојде до повторно активирање на пожар, заради присутните ветер и жештина, додаваат од ЦУК.
Зафатено било и едно противпожарно возило од огнените јазици, но, засега нема информации дали и колку е тоа оштетено.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…