Објавено на:

Локализиран пожарот меѓу беровските села Будинарци и Митрашинци

t

Пожарот во планските ридови помеѓу беровските села Будинарци и Митрашинци е локализиран попладнево во 17 часот, информира вечерва Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

– Тимовите и сите други учесници се вратени во базите, а остануваат дежурни екипи од Шумското стопанство „Малешево“ – Берово. Во текот на утрешниот ден ќе се направи контрола на теренот, објави ДЗС на својот профил на Фејсбук.

Во објавата се посочува дека во текот на денешниот ден пожарите ги гасеа тимови од ПОЗС Берово, Валандово и Куманово.

– Тимот од Свети Николе со пумпи беа ангажирани за полнење со вода базенот за полицискиот хеликоптер. Ер Тракторот денеска дејствуваше на неколку наврати до целосно локализирање на пожарот, наведуваа од ДЗС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…

Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…

Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…

Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…

АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…

Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…

Иран отвори прв воен камп за обука…

Иран го отвори својот прв воен камп…