Објавено на:

Локални избори на Косово на 12 октомври

t

Косовската претседателка Вјоса Османи ги распиша редовните локални избори за 12 октомври.

„Оваа одлука е донесена по внимателно разгледување на предлозите на политичките субјекти, како и по целосна анализа, во согласност со уставните и законските рокови“, се вели во соопштението на косовското претседателство.

Одредувањето на датумот за локалните избори има за цел да овозможи целосна подготовка на изборниот процес од страна на одговорните институции, вклучувајќи ја Централната изборна комисија (ЦИК) и другите релевантни институции, „со цел да се почитуваат највисоките стандарди за изборна администрација“.

Османи ги повика политичките субјекти, организациите и граѓанското општество „да пристапат кон ова со целосна одговорност со цел да се гарантира сеопфатен, редовен и фер процес“.

Таа се сретна со претставници на политичките партии на 4 јуни за да се консултира со нив за одредување на датумот за редовни локални избори.

Претставниците на Српската листа – најголемата српска партија во Косово, која е поддржана од Белград, не присуствуваа на состанокот. Оваа партија ги водеше сите десет општини со српско мнозинство во Косово до крајот на 2022 година.

По политичката одлука за повлекување од косовските институции во северно Косово и бојкотот на предвремените локални избори, градоначалници Албанци дојдоа на власт во Северна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток – што предизвика бројни тензии и протести од локалното население.

Последните локални избори во Косово се одржаа во октомври 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…

Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…

Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…

Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…

Собранието на Косово денеска усвои декларација со…

Девет лица се уапсени под сомнение за…

Девет лица се уапсени на северот во…

Затворен Генералниот конзулат на Косово во Струга

Амбасадата на Косово во Македонија објави дека…