Лоши вести од Бразил: Влошена е состојбата на Пеле – ракот прогресира!

t

Лоши вести доаѓаат од Бразил, откако повеќе од три недели на клиниката „Алберт Ајнштајн“ е хоспитализирана најголемата легенда Пеле, по објавата на лекарскиот конзилиум дека е влошена состојбата на трикратниот светски првак.

Пеле беше хоспитализиран поради слабо срце, но и вирусна инфекција, но најголемиот проблем е што ракот прогресира и Пеле ќе го мине Божиќ во болница. Од претходн беше објавено дека хемотерапиите не помагаат во лечењето на Пеле, но до вчера ситуацијата беше стабилна.

Според тоа што го објави конзилиумот, поради прогресот на ракот, лекарите стравуваат од можно откажување на бубрезите, како и проблемите со срцето, па поради тоа мора да остане под најголема лекарска грижа.

„Хоспитализиран на 29 ноември поради проценки за хемотерапијата поради туморот на дебелото црвево и респираторна инфекција, Едсон Арантес до Насименто покажува прогресија на онколошката болест и бара поголема грижа поврзана со бубрежните и срцевите дисфункции“, објавија од клиниката.

Пеле има 82 години и е трикратен светски првак од 1958, 1962 и 1970 година, а „кралот на фудбалот“ беше избран заедно со Диего Марадона за најдобар фудбалер на сите времиња. Бразил сега трепери од страв и е во неизвесност поради овие лоши вести. Пеле пред една година имаше успешна операција на дебелото црево, но годинава болеста повторно му се врати откако беа откриени метастази на цревата, црниот дроб и белите дробови.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Босанец (29) со нож и пиштол им…

Италијанските медиуми пренесуваат дека во Рим е…

Млад фудбалер загина во сообраќајна несреќа

Трагична вест го потресе Тетово. Во раните…

Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката…

Мобилната апликација м.Услуги е подготвена и е…

Експлозија во уште едно складиште за оружје…

Силна експлозија предизвика пожар во магацин за…

Невреме зафати повеќе делови од Македонија, има…

Нестабилното време постепено зафаќа повеќе делови од…