Лоши вести од Софија: Бугарските социјалисти не се пишманиле – ВЕТОТО ОСТАНУВА!
Нема нешто ново во врска на темата за Македонија што би можело да го промени досегашниот став на Бугарската социјалистичка партија, изјави денеска координаторот на Пратеничката група на социјалистите во Собранието на Бугарија, Георги Свиленски.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, тој нагласи дека единственото нешто што може да го промени ставот на БСП е спроведување на Договорот за пријателство меѓу Македонија и Бугарија од 2017 година, што, според него, во оваа фаза не е случај.
Според Свиленски, свикувањето на Консултативниот совет за национална безбедност за односите со земјава е добра идеја и нема никаков проблем тој да се одржи, бидејќи колку повеќе информации се споделат, толку е подобро.
Изјавата на Свиленски доаѓа пред вечерашната средба на лидерите на партиите од бугарската владина коалиција на која главна тема ќе бидат односите со Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Симов: „Да бидеш против дата центар е…
Не стивнува прашината која се крена за…
Трагедија во Исламабад: 14 новороденчиња загинаа во…
Пожар предизвикан од експлозија на клима-уред усмрти…
Во вториот квартал од годинава за 1,5…
Бројот на активното население во второто тримесечје…
Трамп сака конфликтот во Украина да заврши…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…
Тело на 83-годишен скопјанец извлечено од Вардар
Тело на 83-годишен скопјанец било пронајдено во…