Лошо изведен ремонт: РЕК Битола работи само со два блока

t

Термоелектраната „Битола 2“ е исклучена од мрежата заради потреба од интервенција на собирникот и транспортерот на несогорени фрагменти од јаглен, информираа вчера од ЕСМ.

Овој застој, според нив, е резултат на неквалитетно извршените ремонти од страна на претходното раководство на РЕК Битола.

По брзата интервенција на вработените, штетата е минимизирана, а блокот ќе биде вклучен во мрежата најдоцна до денес.

„Капацитетот се очекува да биде вклучен и синхронизиран на мрежа, во текот на утрешниот ден, или најдоцна до задутре во раните утрински часови. За да биде појасно, доколку компонентите во системот за собирање на остатоците од несогорениот јаглен функционираа соодветно и доколку врз нив беше направен редовен ремонт, постоеше можност да се интервенира без потреба од целосно исклучување на блокот. За жал, и во текот на редовниот ремонт на ТЕ Битола 3, истите компоненти не подлегнале на соодветна техничко технолошка нега. Ова е само уште еден доказ за неодговорниот однос на поранешното раководство кон еден од стратешки најважните државни капацитети“, велат од ЕСМ.

Новиот тим во ЕСМ вложува напори за обезбедување стабилност во производството на електрична енергија, бидејќи ТЕ Битола 1 не беше ремонтирана годинава, иако тоа требаше да се направи по завршувањето на минатата грејна сезона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„КИКИ ГО ЧУВАШЕ НАШИОТ БОЛЕН СИН, БЕШЕ…

Потресна исповед на семејство од Загреб открива…

Родителите од Тетово револтирани од состанокот кај…

Родителите на нападнатите деца во Тетово се…

Уапсени шест лица во Србија и Словенија…

Во заедничка акција на обвинителствата и полициите…

Мајка цела ноќ ја барала 12-годишната ќерка:…

Мајка од Скопје пријавила дека нејзината 12-годишна…

(Видео) Осум минути молк за насилната смрт…

Во Загреб, Сплит и Осиек, точно напладне,…