Лошо им се пишува? Поранешниот косовски премиер Мустафа очекува нови санкции за Косово

t

Поранешниот косовски премиер, Иса Мустафа вели дека не може да се очекува меѓународната заедница да падне во замката на игрите на владата на Албин Курти со Административното упатство за вонредни локални избори во општините со мнозинско српско население во северно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според Мустафа, популистичките акции во северните општини и бегањето од спроведувањето на договорот за стабилизација на состојбите во тој дел од земјата, го санкционираа Косово за прв пат како држава.

-Популистичките акции во северните општини и бегањето од спроведувањето на договорот го санкционираа Косово за прв пат како држава. Не може да се очекува меѓународната заедница да падне во замката на игрите на Владата со Административното упатство, изјави Мустафа за порталот „Газета Блиц“.

Поранешниот косовски премиер смета дека проблемот лежи во имплементацијата на договорот што во Охрид во март годинава го потпишаа Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

-Сметам дека суштината на проблемот лежи во спроведувањето на Охридскиот договор. Курти го прифати Договорот што го содржи самоуправувањето на српската заедница во Косово – автономија за Србите – како и спроведувањето на сите претходни договори, изјави Мустафа.

Тој вели дека со ваквото однесување на владата на Курти не очекува избори на вонредните избори во четирите општини со мнозинско српско население, туку само заострување на санкциите кон Косово.

-Со ваквото однесување на владата не очекувам решение на северот на земјата, ниту пак избори, туку заострување на санкциите против Косово, изјави Мустафа за Газета Блиц.

Според него, актуелните лидери на државата се избрани со гласовите на граѓаните, односно самите граѓани одлучиле да имаат лидери кои ги игнорираат Европската унија, Соединетите Американски Држави и НАТО.

-Лидерите на државата се избрани со гласовите на граѓаните и затоа е илузорно и претставува политичко слепило да се мисли дека граѓаните не треба да бидат казнети за постапките на лидерите, бидејќи граѓаните имаат своја одговорност. Тие решија да имаат лидери на кои не им е грижа за ЕУ, САД, НАТО, а голем дел од нив, според јавното мислење, сè уште размислуваат на истиот начин, вели Мустафа.

За средбата меѓу Курти и Вучиќ, што се очекува да се одржи во текот на овој месец, вели дека „доколку не се смени однесувањето и дискурсот на власта кон државните обврски и сојузниците на Косово од септемвриската средба не може да се очекува ништо конкретно“.

-Тоа ќе биде сцена на повторувања на популистичките фрази на Курти за милитантите од (неговата партија) Движење самоуправување (ВВ), како и на Вучиќ за неговите граѓани и за меѓународната заедница, која благодарение на грешките што ги прави нашата влада, сè повеќе застануваат на страната на Србија, изјави Мустафа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: По гласањето за Резолуцијата за Сребреница…

Генералното собрание на ОН најверојатно ќе гласа…

ЕУ му врати на Курти: Не одлучувате…

Европската унија ќе ги укине мерките против…

Петковиќ удри по Бакојани: СРАМ ДА ВИ…

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија,…

Спајиќ: Црна Гора ја сака Србија, но…

Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ во интервју за…

Вучиќ: Остануваме на европскиот пат за да…

Српскиот претседател Александар Вучиќ по враќањето од…