Лукаревска не гледа проблем што Заев се сретнува со лидери на партии

t

Заменик-претседателката на СДСМ и директорка на УЈП Сања Лукаревска во вечерашното гостување во „Само интервју“ на телевизијата „Канал 5“ рече дека СДСМ е демократска партија и оти во партијата има капацитет и не се поставува проблем кога некој има поинакво мислење.

-Во СДСМ одлуките се носат од органите на партијата. Пионери сме во она што се нарекува внатрепартиско гласање, рече Лукаревска, која изборот на Ковачевски за претседател на партијата го нарече одраз на демократскиот капацитет.

Таа рече дека во СДСМ не се потпишуваат меници, и ги повика другите партии да имаат ваков демократски капацитет за отворен разговор и критика за да се поправаат грешките.

На прашањето за Ковачевски како лидер на СДСМ, Лукаревска рече дека тој станал премиер во тежок период и се соочил со голем број предизвици. Таа вели дека не сака да се зборува дека некој некому е продолжена рака.

Заменик-претседателката на СДСМ не гледа проблем што поранешниот претседател на СДСМ Зоран Заев се сретнува со лидери на политички партии. Таа истакна дека советите на Заев и на нејзината претходничка Радмила Шекеринска се добредојдени и корисни за СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филков: Уставот и законите налагаат правосудниот испит…

ЗНАМ не отстапува од својот став околу…

Полскиот претседател Навроцки ќе ги одликува двајцата…

Полскиот претседател Карол Навроцки планира со државни…

Терористот од Краков почина во болница

Михал Оксински, кој уби шест лица во…

Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…

Денес се празнува Светиот маченик Нестор

Во времето на страдањето на Св. Димитриј…