Лукаревска откри: 300 инспектори ги “чешлаат” подружниците на КАМ низ државата

t

Во моментов повеќе од триста колеги од Управата за јавни приходи се во сите подружници на маркетите „КАМ“, поради утврдени неправилности, откри вечерва во „Топ тема“ на телевизија Телма директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.

„Согласно она што го утврдивме од теренските контроли во изминатите два дена, сметаме дека во интерес на граѓаните и во интерес на она што значи зачувување на стандардот, имаме обврска, професионална и морална, да постапуваме“, изјави Лукаревска.

Во досегашната работа на УЈП, утврдено е дека одредени производи не се ставени во стапката Г во која требало да бидат ставени. Кај одредени деловни единици константирано е дека тоа што значи основен производ и е во делот на одлуката на владата, не се почитува до крај.

„За такви големи даночни обврзници, неспорно е дека ќе мора да се почитуваат законските обврски. Добивме и соодветни други сознанија, во делот на работењето, така што сега би било најсоодветно да ја направиме онаа генерална контрола, да ги земеме сите документи кои ни се неопходни и да видиме дали ќе има разлика меѓу она што значи материјално и финансиско работење, со она што значи сметководствена евиденција, која ја има соодветниот даночен обрвзник. Добивме огромен број поплаки од потрошувачите, односно граѓаните“, потенцираше Лукаревска.

Под лупа се 84 објекти на КАМ маркетите во целата држава, вели Лукаревска.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лукаревска: „Мој ДДВ“ е најуспешен проект не…

Има повеќе процеси кои што сме успеале…

15.548 работници не земале плата за ноември

Ноемвриска плата чекаат 15.548 работници. Податоците заклучно…

Мрежа на нафтени компании сакале да го…

„Сања Лукаревска е член на СДСМ од…

За два месеци бројот на вработени се…

Во последниве месеци се намалува како бројот…

УЈП открива: Три познати бензиски пумпи сакале…

Денеска до полноќ треба да завршиме уште…