Лукаревска очекува дека ДУИ ќе го поддржи Пендаровски во вториот круг
Заменик претседателката на СДСМ во интервју за емисијата „Трилинг“ порача дека СДСМ не се чувствува хендикепиран што на двојните избори не оди со заеднички настап со ДУИ.
Не го чувствувам како хендикеп тоа што не сме заедно со ДУИ, ние сме посебни политички субјекти кадешто за одредени прашња сме имаме заеднички ставови, за одредени прашања имаме дијаметрално спротивни размислувања. Секоја партија има традиционално гласачко тело како што имаме ние како што има ВМРО-ДПМНЕ, така има и ДУИ и тие несомнено ќе гласаат за кандидатот што ја претставува нивната политичка партија“ рече Лукаревска.
Сепак, таа изрази надеж дека гласачите на ДУИ во вториот круг ќе гласаат за Стево Пендаровски затоа што тој според неа е претставник на европската агенда во државата.
„Ако гледаме малку подалеку и поперспективно ако гледаме дека и Бујар Османи дека цело време зборува за европскиот фронт за европската перспектива, а тоа гледаме дека е пресликано во се она што е говор и презентација од страна на Стево Пендаровски, јас сметам дека би било доблесно за европската слика, во вториот круг, сите оние што имаат можност да ги дадат гласовите за Пендаровски“ посочи Лукаревска
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Владата на СДСМ отворила пат Мацура…
Секој кој ќе ги исполни условите може…
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…
ДУИ: На Воената академија – 0 кадети…
Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение…
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…