Лукаревска: Работниците од УЈП и Царина имаат моја поддршка

t

Во УЈП има три синдикати, но репрезентативен е синдикатот „Солидарност“ и тие информираа дека ќе започнат штрајк, секој ден од 10 до 12 часот, рече директорката на УЈП Сања Лукаревска. Таа во гостувањето во ТВ24 повтори дека тие претходно протестираа пред Министерството за финансии, а дека денеска и вработени во Царината искажаа незадоволство за повисоки плати.

-Како институција, која 64% од буџетот го полни заедно со Царина во другиот дел, сме клучна државна институција и се надевам дека ќе најдеме соодветно решение заедно со вработените, а да не ги ставиме во ризична ситуација даночните обврзници, дали физички или правни лица… Јас не сум поборник за такви ригорозни процеси за да не се загрозат општествените процеси, информира Лукаревска.

Таа додаде дека пред да е назначена за директорка била дел од семејството на даночни службеници и тие треба да ја имаат поддршката од работодавачот.

-Но, ние имаме одлична соработка со Министертвото за финансии и сме дел од заеднички процеси и не сме во позиција да сме во некакви непријателски односи. Покрај тоа што вршиме функција од витално значење исто така вработените се подложени на одреден ризик при работењето, додаде Лукревска.

Според неа треба да се почека да помине Општиот колективен договор, па потоа договорите со сите институции посебно.

-Најлесно е да се рече „ние нема да работиме од утре“, но треба да знаеме што ќе се случи задутре. Се надевам брзо да се заврши Општиот колективен договор, но не сакам да шпекулирам со временската рамка, истакна Лукаревска.

Според неа, сукцесивно ќе се пристапи кон покачувањето предвидено со општиот колективен договор, од кој потоа ќе се зголемуваат и платите во УЈП и Царина.

-Треба да ги видиме основите како ќе се одвива целиот тој процес. Сега е текстот во рацете на ССМ и Конфедерацијата на работодавачите, информира директорката на УЈП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дводневен штрајк на грчките цариници, товарниот сообраќај…

Почнувајќи од вечерва на полноќ (02.04.2024) до…

Жена се обидела да прошверцува 1.700 кутии…

Патничка се обидела да прошверцува над 1.700…

Богоев: Дигитализација за намалување на корупцијата во…

Директорот на царина, Стефан Богоев во неделното…

Богоев: Од денес камионите со стока од Србија…

Од денескамакедонските компании кои увезуваат, извезуваат или транзитираат…

Лукаревска: „Мој ДДВ“ е најуспешен проект не…

Има повеќе процеси кои што сме успеале…