Лукаревска: Уставните измени се единствена можност да бидеме дел од европското семејство

t

Потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во вечерашното гостување во „Клик Плус“ на ТВ 21 за можноста СДСМ и ДУИ да имаат консензуален кандидат за претседател на следните избори рече: „Ќе разговараме, ќе преговараме, ќе ги разгледаме сите опции, затоа што ние две партии заедно со Алијанса сме во тој европски фронт. И натаму немаме такви разговори и немаме ништо дискутирано низ телата и органите на партијата“.

Таа не сакаше да ги коментира шпекулациите дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети наводно му ја понудил премиерска функција на Арбен Таравари, што лидерот на АА веднаш го демантираше.

Таа ги коментираше и уставните измени.

„До крајот на мандатот ќе работиме на уставните измени. Уставните измени ни се единствената можност која може да ги оправда овие реформски процеси, да бидеме дел од европското семејство. Не станува збор за никаков бугарски диктат. Треба да покажеме и ние и опозицијата дека ова треба да биде наша заедничка цел“, рече Лукаревска.

На прашањето дали од партијата се за заеднички избори, таа со став:

„Како втор човек во СДСМ имаме зборувано за заеднички избори. И нашиот став е дека постојат редовни термини, еден за претседателски, друг за парламентарни, што значи дека ние сме за раздвоени“, вели Лукаревска.

Лукаревска го коментираше Извештајот на ЕК, поврзано со судството. Рече дека СДСМ побарала ветинг во судството, а ја напомена и опозицијата поради кочењето на функционирањето на Собранието.

„Ние баравме ветинг во судството, тоа беше и во нашата програма. Немаме во ниту еден случај уназадување. Имаме 81% прогрес во рамките на поглавјата. Евроамбасадорот Гир кажа дека извештајот е искрен и правичен. Ние мораме да продолжиме со реформи. Таа критика дека има во делот на политичката поларизација и кочници во Собранието, и таа критика е на друга адреса. Опозицијата со многу фин речник беше напоменета, и тоа нивно блокирање на Собранието. Околу европското знаменце, мислам дека не можеме да кажеме дека се злоупотребува“, рече Лукаревска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на…

„На 8-ми мај излезете на гласачките места…

Ковачевски: Во среда гласајте ЗА европска иднина,…

На вечерашниот митинг во Радовиш, претседателот на…

Филипче: Предлогот на Димитриевски е алиби да…

Во своето обраќање на митингот во Радовиш,…

Спасовски: Просечна плата од 1.100 евра и…

Носителот на листа на кандидати за пратеници…

ЕУ му врати на Курти: Не одлучувате…

Европската унија ќе ги укине мерките против…