Лукашенко: Ако украинска војска влезе во Белорусија ќе има брутален одговор, ќе се бориме заедно со Москва
„Москва никогаш не побара од нас да им се придружиме“, објасни денеска белорускиот претседател.
Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека ќе се бори рамо до рамо со Русите само доколку украинските трупи влезат на територијата на неговата земја. Ако оттаму дојде агресија, белорускиот претседател ќе возврати, изјави самиот тој, цитиран од руските медиуми.
„Ако украинската војска дојде да го убие мојот народ, ќе има брутален одговор од наша страна. Војната ќе добие сосема поинаков карактер“, рече Лукашенко.
Тој појасни дека не се обраќа само на Киев, туку и на другите соседи. Белорускиот претседател додаде дека неговата земја не планира да распореди војници на територијата на Украина.
Москва никогаш не побара од нас да им се придружиме, рече Лукашенко.
Шефот на државата изјави дека уште пред почетокот на специјалната операција Украина, како што ја нарекува Русија, подготвувала напад на белоруска територија со повеќе ракетни фрлачи.
Според него, тоа биле намерни акции на украинската страна.
Претседателот потсети дека веќе во 2020 година Киев беше всушност првиот што воведе санкции против Минск, оставајќи ги зад себе дури и западните земји. Тој укажа и на изјавите на европските политичари за користење на договорите од Минск за подготовка на вооружените сили за борбени операции.
Според него, западните земји прават се што е можно за да ја вклучат Белорусија во конфликтот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…