Лукашенко: Белорусија нема да се приклучи во нападот на Украина
Белорускиот претседател Александар Лукашенко, за тамошните државни медиуми изјави дека неговата војска нема да им се приклучи на руските трупи во воената инвазија на Украина, пренесува „Би-Би-Си“.
Лукашенко, инаку близок партнер на рускиот лидер Владимир Путин, порача дека белоруската војска никогаш не учествувала и нема да учествува во воените акции.
„Ова можеме да му го докажеме на кој било начин. И не само тоа – руското лидерство никогаш не го доведе во прашање нашиот став за немешање во вооружениот судир. Поради тоа немаме намера да учествуваме во оваа специјална операција во Украина ниту во иднина. Нема потреба за такво нешто“,
изјави Лукашенко.
Вчера започнаа стравувањата на Западот дека Лукашенко се подготвува да испрати свои воени трупи, кои би се приклучиле на нападот на Киев, но претседателот тоа го негираше.
Од Стејт Департментот изјавија дека Русија го погазила суверенитетот на Белорусија, на тој начин што токму преку нејзината територија ја започнала инвазијата на Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…