Лукашенко денеска во посета на Москва: Медиуми откриваат пеколен план!
Белорускиот претседател Александар Лукашенко во среда отпатува за Москва на разговори со рускиот претседател Владимир Путин кој е и негов близок сојузник, за низа теми меѓу кои ќе доминира војната во Украина.
Лукашенко и Путин треба да разговараат за напредокот во создавањето на сојузна држава Русија и Белорусија, се наведува во соопштението од Кремљ.
Според внатрешен документ во кој претходно имале увид некои медиуми, Русија планира да преземе целосна контрола над соседна Белорусија најдоцна до 2030 година, под изговор за спојување на двете земји.
На вториот ден од посетата на руската престолнина, Лукашенко и Путин ќе разговараат за „актуелните билатерални и меѓународни прашања“, се наведува во соопштението.
Меѓу билатералните прашања е и распоредувањето на тактичко нуклеарно оружје на белоруска територија директно на границата со Полска, што Путин го најави за време на викендот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…