Објавено на:

Лукашенко: Дојде моментот Украина и Западот да преговараат со Русија

t

Дојде моментот Украинците и западните земји да седнат на преговарачка маса со Русија и да се договорат за мировен договор – изјави денес во Кремљ белорускиот претседател Александар Лукашенко, кој е во работна посета на Москва, а пренесе рускиот весник „Известија“.

– Ми се чини дека денеска е моментот Украинците и Западот да седнат на маса и конечно да се договорат – изјави белорускиот лидер.

Тој истакна дека мандатот на украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе заврши во мај.

Покрај тоа, Лукашенко нагласи дека разговарал за различни прашања со членовите на рускиот Совет за безбедност.

– Вчера имаше Совет за безбедност. Владимир Путин ме покани во Советот за безбедност, каде можев да разговарам со сите членови на рускиот Совет за безбедност за различни прашања. Со министерот за одбрана, директор на ФСБ, надворешно разузнавање. Разговаравме за прашањата што ни се значајни. Ова е многу важно во дипломатските односи – рече претседателот на Белорусија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска се празнува Велики Четврток: на Тајната…

На светиот и велики четврток, светите Отци,…

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно, на повеќе места…

Времето денеска ќе биде променливо облачно. Од…

(Не)успешно разоружување на Србија – Бројот на…

Една година по акцијата за разоружување на…

Запленетото оружје од фронтот во Украина атракција…

Западните тенкови и воената опрема запленети од…

Небензја бара меѓународна истрага за случувањата во…

Неопходна е независна меѓународна истрага за откриените…