Лукашенко: Зеленски е виновен за забавувањето на мировните преговори во Украина

t

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денес изјави дека забавувањето на мировните преговори во Украина не се должи на САД, Русија или ЕУ, туку на ставот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Знаете, сè повеќе сум склон да ги обвинувам европските лидери и Европа дека не се во можност да постигнат договор. Но, денес, во последните денови, добиваме многу информации дека не станува збор за САД, кои навистина сакаат напредок тука, ниту за Русија, која е подготвена за напредок. И проблемот не е кај европските лидери, туку кај Володимир Александрович Зеленски“, изјави Лукашенко пред новинар на телевизијата „Русија 1“, објави денес РИА „Новости“.

Тој рече дека Зеленски може да преговара за прекин на огнот под притисок, но дека мора да дејствува брзо бидејќи, според него, Русија напредува на фронтот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лукашенко: Зеленски е виновен за забавувањето на…

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денес изјави дека…

По руските напади, десетици градови и села…

Десетици градови и села во јужниот украински…

Зеленски: Ако војната може да запре во…

Украинскиот претседател разговарал по телефон со американскиот…

Зеленски: Украина мора да му одговори на…

Украина мора да му одговори на непријателот.…

Путин: Русија и САД остануваат во рамките…

Русија и САД останаа во рамките на…