Лукашенко: Конфликтот во Украина наскоро ќе заврши

t

Долготрајниот конфликт во Украина наскоро ќе заврши, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко на средбата со гувернерот на Јарославската област Михаил Евраев во Минск.

„Наскоро, се согласив со претседателот Путин, ќе изградиме автопат со голема брзина. Ќе го завршиме овој долг конфликт во Украина, мислам, што е можно поскоро. Ќе се справиме со нашите внатрешни работи“, рече Лукашенко.

Порано во ноември, Лукашенко изјави дека е подготвен да прифати мигранти од Украина во Белорусија. Тој им вети на потенцијалните имигранти дека ќе им обезбеди „ист живот како на Белорусите, во однос на образованието и здравствената заштита“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…

Европските држави ќе одржат воена вежба за…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Трамп ги замрзна санкциите кон Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…

Украина нападна руска радарска станица вредна околу…

Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…

Руските власти го уапсија главниот уредник на…

Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…