Објавено на:

Лукашенко му објави војна на тероризмот: Воведува смртна казна за обид за тероризам

t

Белорусија во својот кривичен закон воведе и смртна казна за „обид за извршување терористички акт“, пренесуваат руските агенции.

„Претседателот Александар Лукашенко потпиша закон со кој се предвидува смртна казна за обид за терористички акт“, пренесува РИА Новости.

Агенцијата потсетува дека смртната казна досега се применуваше само за лицата кои извршиле терористички напад, а цел на новиот закон се пред се опозиционерите, меѓу кои и лидерката на опозицијата Светлана Тихановска, која моментално е во егзил.

Белоруските пратеници на крајот на април усвоија во две читања предлог-закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик кој нуди можност за смртна казна во случај на обиди за терористички напади.

Прес-службата на Долниот дом на парламентот нагласи дека „нацрт-законот е подготвен со цел да се одвратат деструктивните елементи и да се покаже решителната борба на државата против терористичките активности“.

За законот да стапи на сила во Белорусија, тој мора да биде одобрен од двата дома на парламентот и потпишан од претседателот.

Од масовните протести во 2020 година против авторитарното владеење на Лукашенко, кој е на власт од 1994 година, многу членови на опозицијата беа уапсени и обвинети за обид или подготовка за терористички чин.

Белорусија е последната земја во Европа која применува смртна казна, а се извршува со стрелање, пренесе Индекс.хр.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Белорусија шверцува мигранти низ тунели до Латвија?

Латвиските власти открија тунел преку кој мигранти…

Белорусија го прогласи Euronews за „екстремистички“ медиум

Министерството за информации на Белорусија ја прогласи…

Лукашенко за Зеленски: Можеби пушел или си…

Белорускиот претседател Александар Лукашенко ги отфрли тврдењата…

Русија се обидува да ја вовлече Белорусија…

Денес во Киев се одржува самит на…

Полицијата го бара сопственикот на волкот, го…

Полицијата е во потрага по лицето кое…