Објавено на:

Лукашенко на тронот: Листа од десет европски шефови на држави и влади кои владеат најдолго во Европа

t

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој се кандидира за својот трет претседателски мандат, е еден од тројцата европски државници кои континуирано се на власт повеќе од три децении.

Основачот и лидер на Партијата на правдата и развојот (АКП), која победи на парламентарните избори во 2002 година само една година по нејзиното основање, стана премиер на Турција на 14 март 2003 година. Таа функција ја извршуваше континуирано до август 2014 година, кога стана претседател на државата.

Вториот претседателски мандат на Ердоган почна во 2018 година, а дали по трет пат ќе биде избран за претседател на турската држава ќе се знае по вториот круг од изборите одржан на 28 мај.

Најдолг стаж како државник меѓу актуелните европски шефови на држави и влади е претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, кој оваа функција континуирано ја извршува од јули 1994 година. Лукашенко својот прв претседателски мандат го започна со победа во вториот круг, а оттогаш убедливо победи на претседателските избори уште пет пати, секој пат во првиот круг.

За да може да биде претседател повеќе од двапати, Лукашенко организираше референдум во 2004 година, на кој околу 80 отсто од белоруските гласачи гласаа за укинување на ограничувањето на бројот на претседателски мандати.

Позицијата број два на листата на најдолговечни европски државници суверено ја држи рускиот претседател Владимир Путин, кој е на власт подолго од кој било руски лидер од советскиот диктатор Јосиф Сталин.

Путин владее со земјата, како премиер или претседател, континуирано од крајот на 1999 година, кога на изненадување на многумина тогашниот шеф на руската држава Борис Елцин го назначи за премиер. Веќе следната година Путин за прв пат стана претседател на Русија, тој беше реизбран во 2004 година, а во периодот од 2008 до 2012 година ја извршуваше функцијата премиер на Русија.

Тој се врати на позицијата шеф на државата по изборите во 2012 година, а актуелниот претседателски мандат, кој трае шест години, започна во 2018 година. Слично како и Лукашенко, Путин најпрво ја иницираше промената на Уставот, а потоа и донесувањето на закон кој му ја отвора вратата потенцијално уште двапати да биде избран за претседател на Русија.

Четвртото и петтото место на листата ги заземаат претседателот на Република Српска Милорад Додик и премиерот на Унгарија Виктор Орбан, на кои заедничко им е тоа што по доаѓањето на власт поминаа период и во опозицијата.

Додик е постојано на власт од 2006 година, оттогаш двапати беше премиер и претседател на помалиот од двата ентитета на Босна и Херцеговина. Претходно ја извршуваше функцијата премиер во периодот од 1998 до 2001 година, по што пет години дејствуваше како опозиција.

Актуелниот унгарски премиер помина осум години во опозиција по завршувањето на неговиот прв мандат како премиер, кој беше од 1998 до 2002 година. Орбан се врати на власт во 2010 година и оттогаш не ја пушти. Во мај 2022 година, четврти пат по ред беше избран за премиер.

Меѓу првите десет европски шефови на држави и влади по должината на континуираниот престој на власт, немаше место за српскиот претседател Александар Вучиќ, кој најпрво беше избран на една од двете највисоки функции во земјата, а потоа и премиер, во март 2014 година.

Во продолжение целосната листа:

  1. Александар Лукашенко, на власт од 1994 година
  2. Владимир Путин, на власт од 1999 година
  3. Реџеп Таип Ердоган, на власт од 2003 година
  4. Милорад Додик, на власт од 2006 година
  5. Виктор Орбан, на власт од 2010 година
  6. Макр Руте, на власт од 2010 година
  7. Мајкл Хигинс, на власт од 2011 година
  8. Саули Нинисте, на власт од 2012 година
  9. Жељко Цвијановиќ, на власт од 2013 година
  10. Адријан Хаслер, на власт од 2013 година

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Италијанскиот министер за одбрана: Разговарајте со Путин!

Италијанскиот министер за одбрана Гидо Кросето денеска…

(Видео) Орбан со чудна порака по повод…

Како што пренесува порталот „Унгарија денес“, Орбан…

Макрон: Европа мора да покаже дека не…

Европа мора да покаже дека не е…

Европски систем за правда и целосен ветинг…

Клучна определба во новиот мандат на СДСМ…

Шолц: Војната во Украина би можело да…

„Никој не може да каже дали оваа…