Објавено на:

Лукашенко: Нема да го дадеме Казахстан според украинското сценарио

t

-Јасно е дека не смееме да го дадеме Казахстан, бидејќи тоа ќе биде подарок, како Украина за Америка, за НАТО. Затоа сакам да разберете зошто е донесена одлуката за испраќање мировници, изјави денеска белорускиот претседател, Александар Лукашенко.,

Казахстан не смее да им се предаде на надворешните сили според украинското сценарио, рече Лукашенко

ДПА вечерва соопшти дека освен Русија мировници во Казахстан ќе распоредат и другите екс-советски членки од Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) – Белорусија, Таџикистан, Ерменија и Киргистан, во обидот да помогнат да се стави крај на неколкудневните смртоносни антивладини протести во оваа централноазиска поранешна советска република, каде што илјадници луѓе беа уапсени во поранешниот главен град Алмати.

Дел од руските елитни падобрански единици денеска веќе пристигнаа во мировната мисија, откако тоа го побара претседателот на Казахстан, соопшти Организацијата на Договорот за колективна безбедност (CSTO), воена алијанса од поранешните советски републики, што е предводена од Русија.

ДПА пренесе дека ерменскиот премиер Никол Пашинјан на Фејсбук напиша дека нивните војници треба да бидат распоредени во Казахстан во многу ограничен временски период „за да се стабилизира и нормализира ситуацијата во земјата”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ ветува 6,1 милијарда евра за Украина,…

Европската унија ќе ѝ обезбеди на Украина…

Зеленски пристигна во тридневна посета на Канада

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во тридневна…

Трамп: Путин сака договор за завршување на…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вечерва изјави дека…

Директорот на ЦИА презема поголема улога во…

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА)…

Руте: Сојузниците на Украина немаат избор освен…

Сојузниците на Украина немаат друг избор освен…